Вила Јанис се наоѓа на главната улица наспроти познатиот ресторан Брики, т.е 50 метри од строгиот центар на Калитеа, во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица , Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен .

Сите соби се трокреветни 5 од нив се наоѓаат од предната страна и имаат поглед кон главанта улица, останатите имаат поглед кон дворот во вилата ,Сите соби се со  капацитет само за 3 лица со можност да се смести мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi. Вилата е реновирана во целост во 2018 година.

GPS Координати: 40°04’28.4″N 23°26’54.8″E

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=61,8мкд

На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 28.02.2019

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УЛАТЕНИ ДО 30.04.2019

ВИЛА ЈАНИС – КАЛИТЕА
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќ. 1/2  (студио за 2 лица) 1/3  (студио за 3 лица) Промо цени на кој не следува попуст
18.05-25.05.2019 7 49 59 Промо цена
25.05-01.06.2019 7 79 89 Промо цена
01.06-08.06.2019 7 139 149
08.06-15.06.2019 7 189 199
13.06-22.06.2019 7 259 269
22.06-29.06.2019 7 289 299
29.06-06.07.2019 7 299 309
06.07-13.07.2019 7 329 339
13.07-20.07.2019 7 359 369
20.07-27.07.2019 7 369 379
27.07-03.08.2019 7 369 379
03.08-10.08.2019 7 369 379
10.08-17.08.2019 7 329 339
17.08-24.08.2019 7 309 319
24.08-31.08.2019 7 249 259
31.08-07.09.2019 7 189 199
07.09-14.09.2019 7 139 149
14.09-21.09.2019 7 99 109 Промо цена
21.09-28.09.2019 7 59 69 Промо цена

Цените се дадени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 61.8 Денари. На промо цените не следува попуст.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
* Важат Општите услови на СКТМ и ТА “БАЛКАН НЕТ“.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ  – со доплата :

  • 03:15 h Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 30€
  • 04:00 h Битола (Пред спортска Сала) 30€по лице
  • 15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 35€по лице
  • 02:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 35€по лице
  • 02:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола 35€по лице
  • 15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 30€по лице
  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 40€по лице
  • 04:00 h Скопје (Дрводекор) 35€по лице
  • 04:30 h Велес (бензинска мотел Македонија) 35€по лице
  • 05:00 h Неготино (бензинска Неготино) 35€по лице
  • 05:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€по лице
  • 05:40 h Удово (бензинска Удово) 35€по лице
  • 06:00 h Граничен премин (бензинска Шимов) 35€по лице

Попусти и доплати за деца

  • Деца од 2 до 11,99 години: 10€ попуст од редовната цена, 15€ од Битола и Прилеп
    Деца до 1,99 години – Бесплатно
    Возрасно лица над 63 год – попуст од 10€
Балкан Нет Balkan Net Leto Лето Албанија